Tuesday, June 19, 2012

Намаз од јатки



Ова намазче дефинитивно ми беше  N 1 зимава што помина. Толку вкусно, силно, а во исто време сочно и зачинето. Јатките се доста мрсни кога се во големо количество и се мелени (но, тоа се полезни и потребни масти), но комбинацијата со краставица дава свежина и затоа понекогаш и во лето може да го јадете ова намазче со вкусна салата.


Јас практикувам да ги јадам во зима, зашто тогаш телото има поголема потреба од масти, отколку во лето. Во летото имаме потреба од повеќе вода, а со тоа и од повеќе сочно овошје. :-) 

Потребни состојки
Една чаша јадки (бадеми, сончоглед, индиски орев и кедрови јадки )
Пола краставица исецнака
Копар и магданоз
Лук
Лимонов сок (Од пола лимон)
Сол

Јатките се мелат на брашно, се додават другите состојки и сето тоа се пасира со пасатор, се додека да се добие хомогема смеса.



No comments:

Post a Comment