Showing posts with label Здравје. Show all posts
Showing posts with label Здравје. Show all posts

Wednesday, March 14, 2012

The Sun. . .


When the sun is hidden behind the clouds, the wind blows stronger. And colder.
Or so we are causing. Because when the sun's warm, and the strongest wind comes enjoyable. Because we are not alone.
Your heart is the Sun for someone.

... this I felt today at the high meadow

14 march 2012 

Доктор Сончева Светлина :-)

Специјалноста на Др. Сончевa Светлина е хелиотерапијата, а големата рецепта му е сончевата енергија. Секоја лоза, дрво, грмушка, цвеќе, плод и зеленчук извлекуваат живот од сончевата  енергија. Сите живи нешта на земјата се зависни од сончевата енергија за самото свое постоење. Ако не беа волшебните зраци на сонцето, оваа земја ќе беше бесплодно и студено место. Сонцето ни дарува светлина и ако таа недостасуваше, немаше да не има нас. На земјата ќе имаше вечна темнина.
Човечките суштества не се дизајнирани да имаат бледа кожа, дури и русите северни раси. Човечката кожа треба да биде со лесен тен од сонцето и да добие потемна нијанса од природната боја на кожата. Пигментацијата е знак дека сончевата енергија е трансформирана во човечката енергија. Кога човекот се насладува на сончевите зраци, рано наутро и касно попладне, може да си обезбеди повеќе здравје, виталност и радост. Луѓето кои се на затворено многу долго, имаат нездрав изглед на кожата. Па од таа причина многу жени ја кријат својата жедна кожа за сонце, со еден тон шминка.   
Човек кој што е лишен од витално важните сончеви здраци, има нездрав вид. Всушност тој умира поради недостатокот на сончевата енергија! Сите слаби, болни и анемични луѓе се жедни за сончева светлина и по мое мислење  -  многу луѓе се болни зашто им недостасува пријатната сончева светлина...
Нежните зраци на сонцето имаат антисептички својства. Кога кожата ги собира тие зраци, таа складира огромни количества енергија која ги уништива бацилите. Сонцето претставува едно од најчудните средтства за лекување за нервозниот човек, кој што е исполнет со анксиозност, безпокојство и немоќ.


Сончевата светлина носи спокојство и опуштање на нервите

Додека се изложувате на топлото сонце, милиони нервни завршетоци ја апсорбираат сочевата енергија и ја трансформираат и чуваат како дополнителна витална сила за вашите нерви и тело.
Направете еден експеримент, за да ја определите вредноста на сончевата светлина во однос на животот и смртта. Најдете убаво и привлечно место на ливадата, каде што тревата е како зелен килим. Покријте мало пространство од ливадата со парче дрво или метал. Ден после ден ќе забележите како прекрасната трева, исполнета со растителна крв, или хлорофил, ќе почне да овенува и да пожолтува. Тогаш настапува трагедијата. Таа  се исушува и умира – смрт од глад за сонце! Истото се случува и во нашите тела без животворните зраци на сонцето. Тоа се случува и кога не успевате да примите големо количество од одгледани плодови и зеленчуци, кои растеле под сонцето.
Директните сончеви зраци треба да паѓаат на нашите тела, а во нашата диета треба да има вклучено 60% или повеќе, растителна храна, која зреела под сонцето. Кога јадеме пресни плодови и зеленчуци, ние ја апсорбираме крвта на растенијата – богатиот, хранителен хлорофил.
Јас лично обожавам да трчам на сонце, и кога убаво ќе се изморам и испотам да легнам во тревата и да се опуштам под небото и сонцето. Тоа толку ме смирува, и ме прави радосна!  И затоа, избирам високи места за трчање, во природата, а не помеѓу бетонските, огромни градски градби. 

Доаѓа пролетта и со неа и постојаноста на сонцето. Шетајте, трчајте, дишете длабоко, појадувајте на вашата тераса... изложувајте се на сонцето. И таа позитивност, ќе ве направи уште поубави, поактивни и поздрави. 

СЕ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ГО ИМАТЕ ВЕЌЕ ВО ВАС... ИЛИ ОКОЛУ ВАС. 
  ;-) 

Tuesday, February 28, 2012

Ленено семе ( Linum usitatissimum)


Лененото семе е направило два подароци за човештвото – маслото и влакната. Тие дарови се полезни за срцето и дигестирањето, но се ефективни исто така и против рак на дојката и рак на простатната жлезда.

Благопријатниот ефект врз здравјето

Лененото семе е многу богато на влакна. Тоа е најдобриот извор на растителни лигнали, во него се многу повеќе, отколку во било кое друго растение. Лигнаните се вид на растителни влакна, чиј што ефект врз човечкиот организам е сличен како ефектот на естрогенот. Ние имаме потреба од тие лигнани, кои уште се нарекуваат и фитоестрогени. Ги произведуваме во дебелото црево, но само со помошта од полезните бактерии, заедно со растителните лигнани, внесени во телото со храни како лененото семе.  Лигнаните се наоѓаат во лушпите на лененето семе. А лененото масло е внатре во семињата.
Додека човечките естрогени се силни и сложни хормони, растителните лигани се попрости за апсорбирање. Лигнаните играат превентивна улога во борба со ракот, напаѓајќи ги ензимите, кои ги хранат клетките на ракот. Научниците  воспоставиле, дека со примањето на додатоци од ленено семе, туморите на градите намалуваат по размери и меланомите изчезнуваат.


Полезни хранливи состојки


Маслото од ленено семе е едно од најценетите растителни масла. Ленот содржи поголемо количество од од есенцијалната алфа-линоленска киселина, отколку кој и да било друг растителен извор. Алфа-линоленската киселина е масна киселина омега – 3, користена од организмот за изградување на ЕРА (ејкозапентаенова киселина). ЕРА ги контролира триглицеридите, го смалува крвниот притисок и штити од појава на срцеви болести. Бидејќи растенијата не произведуваат ЕРА, вегетеријанците треба да конзумираат храни, кои ги содржаат нејзините предходници, како лененото семе, за да ги преземат од него градивните блокови на ЕРА – молекулите на алфа-линоленската киселина.  (Рибиното масло е најдобриот нерастителен извор на ЕРА).
Диетите богати на растителни масла, кои содржаат алфа – линоленска киселина, понекогаш се определуваат како медитерански. Конзумирани заедно со ленено семе, таквите масла го намалуваат крвниот притисок и помагаат за спречување на срцеви болести. Според изтражувањата по 50 грама ленено семе дневно, води до намалување на вкупниот холестерол за 9%, а лошиот (LDL) холестерол се намалува и до 18%.
Маслото од ленено семе е еднакво полезно и за жените, и за мажите. Тоа помага при рак на градите и рак на простатата.
Тоа се прима лесно. За разлика од рибеното масло, ленот нема непријатна миризма – за некои луѓе. Освен тоа рибиното масло брзо се уништува од кислородот во воздухот, а маслото од ленено семе е по одржливо. Можете слободно да си го додадете во салатата или да го земате под форма на желатинови капсули.
Можеби најпопуларнота примена на лененото семе е при запек. Тоа набабрува во вода и образува слузеста маса, која што се лизга по дигестивниот тракт, прочистувајќи по патот се, како автоматична метличка. Има и други семиња кои што образуваат слузеста каша.  Чијата е вкусна, но не толку ефикасна како лененото семе.  Снегулките (лушпите) од семињата на живовлак не се особено пријатни на вкус, а освен тоа имаат толку силни абсорбирачки својства, што причинуваат прекомерно подување на стомакот.


Рецептче за користење на лененото семе:

»  2 супени лажици смелено ленено семе, се остава во 240 мл вода. Почекајте околу 15-тина минути додека семето да ја впие водата, малку да набабри и да стане како густа кашичка. Можете и да го конзумирате во таква едноставна верзија, но исто така можете да го подобрите и со други состојки. Некогаш на лененото семе му додавам:
»        3 урми
»        Малку ванила
»        1 лажичка брашно од рошков
И го блендирам!      ;-)