Monday, July 16, 2012

СОЛЕНИ КРЕКЕРИ


Ммммм... дали знаете колку беа вкусни??? Неверојатно вкусни, крцкави крекерчиња. 
За прв пат сушев на сонце... 
Се исушија многу брзо, и плус имаат поинаков вкус, отколку кога се сушат во дехидратор или во фурна. Се разбира - поубав. :-)

Потребни состојки:
3/4 чаша ленено семе
1/4 чаша сусам
1/4 чаша сончоглед
2 зелени, благи пиперки
1 црвена, лута пиперка
2 чешниња лук
малку морска сол
малку вода

Лененото семе, сончогледот и сусамот ги мелиме во кафе мелачка. Ситно ги сецкаме пиперките и лукчето, и додаваме сол и вода колку тестото да се слепне и да може да се оформува. Се растеглува тестото доста тенко, во долг стаклен сад. Одоздола на садот може да се стави малку масло за да не слепне смесата. Одозгора посипуваме сусам и го оставаме да се суши на силно сонце. После два часа го обраќаме од другата страна, се додека не стане крцкаво. 

Може да ги јадете овие крекери како замена за леб, како ужина, или за спремање седнвичи со зеленчук.  :-)