Wednesday, August 22, 2012

ШПАГЕТИ, gluten free




Неколку месеци истражувам за лошите ефекти на глутенот, посебно како се одразува на оние луѓе кои се нетолерантни на глутен. Наскоро ќе објавам поголема статија за влијанието на глутен врз нашиот дигестивен систем. И затоа, решив да спремам шпагети, кои всушност се од зеленчук и се без глутен, се разбира. :)

Потребни состојки

За шпагетите:
Половина долга тиквичка
За сосот:
5 лажички крем од ориз - The Bridge, rice cuisine 
2 лажици таан
1 лажичка мед
сок од пола лимон
1 лукче
малку вода
Тиквичката ја сечете на тенки ленти и потоа ги сецкате шпагетите. А за сосот, сите состојки ги ставате во блендер или пасатор и додавате вода, според тоа колку густ го сакате сосот. 
Уживајте ! :-)

Friday, August 10, 2012

СУСАМОВО-ЛЕНЕНИ "ПЛЕСКАВИЦИ"



Потребни состојки

Ленено семе
Сусам
Сончоглед (цело семе)
Пиперки
Магданоз
Кари
Сол


Се мелат ленот и сусамот во кафе мелничка, и се додаваат цели семки од сончоглед. Препорачливо е сончогледот да биде киснет 3 часа во вода, за да омекне. Се додава свеж магданоз, сецкани зелени пиперки и зачините - кари и сол. 
Мирисот е многу убав, потсеќа на мароканските специјалитети, поради зачинот кари. :-)
И може да ги оставите еден час на летно, силно сонце малку да се исушат, за да се добие нежна коричка. Или пак можете и во фурна или дехидратор, до 48 степени.

Tuesday, August 7, 2012

RAW PIZZA


. . . prepared for one dear person.  :-)


Тесто:
Тестото кое направив за пицата, беше од состојките за солените крекери. За рецептот кликнете тука.

Доматен сос:
2 мали, излупени домати
1 лажица маслиново масло
босилек
сол

Бело намазче:
За рецептот за белото намазче кликнете тука .

И плус ви се потребни:
1 домат
2 зелени пиперки
10 маслинки

Кога тестото ќе се исуши, врз него се става доматниот сос, кој го подготвувам во блендер. Може малку да остане од сосот, но тоа можете да го ставите на крај одозгора. Потоа се става слој од намазот од јатки (по желба можете врз намазот да ставите оригано), и се редат доматот, сецканите пиперки и сецканите маслинки. И на крај се истура останатиот сос од домати.

Верувајте, никогаш не сум јадела толку вкусна пица! И плус е healthy  &  raw... ;-)