Tuesday, February 28, 2012

Ленено семе ( Linum usitatissimum)


Лененото семе е направило два подароци за човештвото – маслото и влакната. Тие дарови се полезни за срцето и дигестирањето, но се ефективни исто така и против рак на дојката и рак на простатната жлезда.

Благопријатниот ефект врз здравјето

Лененото семе е многу богато на влакна. Тоа е најдобриот извор на растителни лигнали, во него се многу повеќе, отколку во било кое друго растение. Лигнаните се вид на растителни влакна, чиј што ефект врз човечкиот организам е сличен како ефектот на естрогенот. Ние имаме потреба од тие лигнани, кои уште се нарекуваат и фитоестрогени. Ги произведуваме во дебелото црево, но само со помошта од полезните бактерии, заедно со растителните лигнани, внесени во телото со храни како лененото семе.  Лигнаните се наоѓаат во лушпите на лененето семе. А лененото масло е внатре во семињата.
Додека човечките естрогени се силни и сложни хормони, растителните лигани се попрости за апсорбирање. Лигнаните играат превентивна улога во борба со ракот, напаѓајќи ги ензимите, кои ги хранат клетките на ракот. Научниците  воспоставиле, дека со примањето на додатоци од ленено семе, туморите на градите намалуваат по размери и меланомите изчезнуваат.


Полезни хранливи состојки


Маслото од ленено семе е едно од најценетите растителни масла. Ленот содржи поголемо количество од од есенцијалната алфа-линоленска киселина, отколку кој и да било друг растителен извор. Алфа-линоленската киселина е масна киселина омега – 3, користена од организмот за изградување на ЕРА (ејкозапентаенова киселина). ЕРА ги контролира триглицеридите, го смалува крвниот притисок и штити од појава на срцеви болести. Бидејќи растенијата не произведуваат ЕРА, вегетеријанците треба да конзумираат храни, кои ги содржаат нејзините предходници, како лененото семе, за да ги преземат од него градивните блокови на ЕРА – молекулите на алфа-линоленската киселина.  (Рибиното масло е најдобриот нерастителен извор на ЕРА).
Диетите богати на растителни масла, кои содржаат алфа – линоленска киселина, понекогаш се определуваат како медитерански. Конзумирани заедно со ленено семе, таквите масла го намалуваат крвниот притисок и помагаат за спречување на срцеви болести. Според изтражувањата по 50 грама ленено семе дневно, води до намалување на вкупниот холестерол за 9%, а лошиот (LDL) холестерол се намалува и до 18%.
Маслото од ленено семе е еднакво полезно и за жените, и за мажите. Тоа помага при рак на градите и рак на простатата.
Тоа се прима лесно. За разлика од рибеното масло, ленот нема непријатна миризма – за некои луѓе. Освен тоа рибиното масло брзо се уништува од кислородот во воздухот, а маслото од ленено семе е по одржливо. Можете слободно да си го додадете во салатата или да го земате под форма на желатинови капсули.
Можеби најпопуларнота примена на лененото семе е при запек. Тоа набабрува во вода и образува слузеста маса, која што се лизга по дигестивниот тракт, прочистувајќи по патот се, како автоматична метличка. Има и други семиња кои што образуваат слузеста каша.  Чијата е вкусна, но не толку ефикасна како лененото семе.  Снегулките (лушпите) од семињата на живовлак не се особено пријатни на вкус, а освен тоа имаат толку силни абсорбирачки својства, што причинуваат прекомерно подување на стомакот.


Рецептче за користење на лененото семе:

»  2 супени лажици смелено ленено семе, се остава во 240 мл вода. Почекајте околу 15-тина минути додека семето да ја впие водата, малку да набабри и да стане како густа кашичка. Можете и да го конзумирате во таква едноставна верзија, но исто така можете да го подобрите и со други состојки. Некогаш на лененото семе му додавам:
»        3 урми
»        Малку ванила
»        1 лажичка брашно од рошков
И го блендирам!      ;-)


2 comments:

  1. но ова?
    Вишокот на естрогените и кусокот на прогестеронот предизвикуваат таканаречен дисбаланс на хормоните, а со тоа и појава на симптоми на ПМС. Претставниците на алтернативната медицина претпоставуваат дека зголеменото количество естрогени во крвта може да биде последица и на лошата функција на црниот дроб. Затоа препорачуваат намалено земање прехранбени производи богати со естрогени или предлагаат зголемена физичка активност и разни вежби.

    ReplyDelete
  2. Појавата на ПМС, е приченета од многу причини. Секој човек има различна структура на телото, а со тоа за секоја индивидуа одговара посебна диета, посебни физички вежби, посебен животен стил. Две жени, со различен тип на организам, НЕМОЖАТ да имаат ист животен стил. И затоа, ПМС-от може да биде совладан и воопшто да не се почувствува, доколу жената го практикува дневниот режим кој и одговара ма структурата на телото.

    ReplyDelete