Thursday, February 23, 2012

Сончогледово "бискви" лебче





Составки:
2 чаши сончогледови семки смелени на брашно
1 ч.л. кардамон
1/2 ч.л сол
1/8 ч.л. лут црвен пипер
1/4 чаша смелено ленено семе
1/4 чаша сусамов таан
малку црн бибер
1/2 чаша вода

Подготовка: Сите суви составки најпрво ги мелиме на брашно, во мелничка за кафе или блендер. Потоа ги смешуваме фино сите составки, го додаваме таанот и постепено вода, додека да се образува густо тесто. 

Го разтегламе тесото врз хартија за печење, оформуваме формички по  наша желба и го оставаме да се суши на 48 степени (или во фурна или во дехидратор), додека да се образуваат како крцкави лебчиња. Во зависност од дебелината ќе бидат потребни околу 8 часа сушење.

Јас секогаш ги мелам брашната пред да ги употребам, зашто тогаш се најдобри, најквалитетни и имаат мноооогу убава арома.
А овие крцкави вскусни лебчиња, се искучително добри кога се комбинираат со салата или едноставни варени мешункасти храни, зашто сами по себе имаат многу силен и богат вкус... изобилуваат со протеини, здрави масти и влакна.


No comments:

Post a Comment