Thursday, March 14, 2013

ЦЕДЕНИ СОКОВИ И СМУДИ

Започнуваат Велигденските пости, по православниот календар. На 18 март и ќе траат до 5 мај. По тој повод би сакала со сите вас да споделам неколку комбинации на цедени сокови и смуди. :-) Не само во деновите определени за пост, туку убаво е да стекнеме навика барем еден ден во неделата да бидеме само на природни сокови и на изворска вода. Така му помогаме на нашиот дигестивен тракт да се одмори, а и на црниот дроб подобро да се справи со токсините. Ако секоја недела одделувате по еден ден да бидете само на течности (на пример можете во петок) со сигурност ќе се чувствувате подобро, поенергично, полесно и почисто. :-)

Цеден сок 1
2 средни јаболки;
3 големи моркови;
Ги цедиме во соко-цедачка.

Смуди 1
1 банана;
10 јаготки;
Малку изворска вода;
Го ставаме овошјето во блендер и додаваме вода според тоа колку сакаме да ни биде густо.

Смуди 2
2 киви;
1 банана;
Малку изворска  вода;
Го ставаме овошјето во блендер и додаваме вода според тоа колку сакаме да ни биде густо.

Цеден сок 2
2 јаболки;
2 моркови;
1 портокал;
Ги цедиме во соко-цедачка.