Можеби ова е десертот кој најбрзо се спрема! За околу 10тина минути. Овие топчиња се идеалното десертче за во есен.
Потребни состојки:
150 грама бадеми
7-8 урми
малку кокосово брашно
Ги мелиме бадемите во кафе мелачка. Урмите ги сецкаме во кујнискиот робот или во блендер (најдобри се оние кои се многу меки) и ги мешаме со бадемите. Потоа додаваме малку кокос за да не се лепи смесата, и може една лажичка мед. Ги оформуваме топчиња и ги посипуваме со кокос.
Ете тоа е тоа. :-)
No comments:
Post a Comment