Showing posts with label Cakes. Show all posts
Showing posts with label Cakes. Show all posts

Tuesday, May 22, 2012

MY 21 BIRTHDAY CAKE!



Оваа 21-ва роденденска торта претпоставувам дека е 1-та healthy торта. :-) Се подготвува многу брзо и лесно, за разлика од останатите торти кои ги имам постирано.
Има едноставен вкус и потсеќа на сладолед со замрзнатата банана. Само уште денот да беше погоден, за сладоледната торта!

Значи ви требаат само неколку состојќи:

За првиот дел:
1 1/2 чаша меки урми
1 банана
1 1/2 чаша ореви
1/2 мусли

За вториот дел:
3 банани
1/2 чаша ленено семе
малку вода

+ уште една банана посебно.

Најпрво урмите ситно ги сецкаме, оревите и муслите ги мелиме во кафе мелачка, а бананата ја пасираме. Потоа се заедно  мешаме со миксер или пасатор, додека не добиеме една смеса. Во формата за торта (за оваа торта ја користев формата за колачот куглов) ставаме проѕирна тенка фолија и го ставаме првиот дел на дното. Една банана сецкаме на кругчиња и ја редиме врз првиот дел.
Потоа го мелиме лененото семе, и заедно со бананите и водата ја пасираме смесата и да истураме одозгора. Потоа околу половина час стои во замрзнувач и кога сосема ќе се стегне целата торта си ја декорираме во зависност од расположението, емоциите и пригодата. :-)


Saturday, April 21, 2012

FLOWER CAKE


One flower cake for one Flower, on the flowers day. ;-)

Портокалче, ванила, индиско кашу, мммммммм... многу вкусно и необично!!

Потребни состојки
 Коричката:
1 1/2 чаша ореви, лешници, бадеми
1/4 сурово какао, смелено
12 урми

Крем:
2/3 чаша сок од портокал
2/3 чаша сироп од агаве
2  1/2 чаши индиско кашу
3/4 кокосово масло
ванила
малку ситно изрендена кора од лимон

Подготовка:
Урмите ги мелам малку во кафе мелачката, исто така и јатките со какаото. Се замесува смеса како тесто и се формира коричка, со 2 см високи ѕидчиња, за да можеме да го ставиме кремчето.
Кога ја направив кората, врз неа наредив кружни парчиња банана.

За филот, ги мелиме јатките, цедиме сок од портокал, го отпуштаме кокосовото масло под млаз топла вода и го ставаме го големата чинија со сите останати состојки. Додаваме ванила, и сироп од агаве. Доколку немате моментално сироп од агаве, може да ставите кленов сироп или пак да наполните 2/3 од чашата со млака вода и да ставите неколку лажици мед (по ваш вкус). И на крај со најситните делови на рендето ја рендаме и кората од лимон. Ставив кора од пола лимон и дава неверојатно убава арома.
Кога ќе се добие густо, хомогено кремче се истура во коричката. На пола од кремчето можете да му ставите три лажици брашно од рогач и пулпата од цедените портокали. Така тортата добива повеќе вкусови. :-)



Thursday, March 1, 2012

OUR FIRST RAW CAKE


Нешто слатко, многу слатко. Многу вкусно.... мммммммммм.
Оваа торта беше направена еден викенд и и се насладувавме. Никогаш не замислував дека суровата и жива торта, може да биде непроценливо повкусна од сите торти кои досега сум ги пробала во животот. Толку беше вкусна, што ја излапкавме цела за неверојатно брзо време.  :-D



Состојки

За коричката:
½ чаша бадеми
½ чаша индиско кашу
½ чаша ореви
1 чаша урми (да бидат мекички и сочни)
¼ кокосово брашно

Јатките ги мелиме во мелничка за кафе или во блендер, додека не станат како брашно. Потоа во блендерот ги додаваме и урмите и на крај и кокосовото брашно. Доколку сакате можете претходно да ги накиснете јатките во вода, за околу 12 часа...
Тестото се прави со основа и два сантиметри ѕидче одоколу, за да може да се попoлни со филот. Врз тестото се ставаат резанчиња од банана и се залева со филот.

Фил:
3 чаши индиско кашу
¾ чаша лимонов сок
¾ чаша сироп од агаве
¾ чаша кокосово масло
Врв од мала лажичка ванила
½ чаша вода или колку е потребно

Го мелиме кашуто во кафе-мелачката, и ги додаваме сите состојки. Потоа со миксер или пасатор ја обработуваме смесата и ја поливаме. Препорачливо е пред да ја декорираме да ја ставиме за 15-тина минути на ладно - но не во замрзнувачот. Кокосовото масло има тенденција да се стврднува на пониска температура. И така филот станува цврст....

А декорацијата е со лешници, киви, какао, гоџи бери, суво грозје и кокос.

На крај, ѕидовите од тестото ги намачкав со вкусна чоколадна смеса (сироп од агаве, брашно од рогач и малку сурово какао, смелено на прав).